Дали е ова најдобриот влез во ринг кога било? Ахмат фајт шоу одушеви (ВИДЕО)

akhmat sou

Целиот кикбосерски свет веќе два дена зјапа во најдобриот влез во историјата на еден борец во рингот. Кога ќе имаат непресушен извор на финансии, а притоа сте е и љубител на боречките спортови,  како што е тоа лидерот на Ахмат фајт шоу, а, исто така, лидер на Чеченската република, Роман Кадиров , тогаш може да се размислува на разно- разни  „перверзии“. Навистина, така може да се нарече врвно направениот краток филм со Бадр Хари во насловната улога. Филмот доби продолжение во салата, така што Мароканец во арената дојде во друштво на специјалци. Очекувано, салата беше во дилириум.

Ниту мечот против Исмаел Лондт не беше помалку спектакуларен. Хари на крајот го доби со едногласна одлука на судиите.

Погледнете го спектакуларниот влез, а потоа и средбата против Лондт.

https://youtu.be/YjGpF4xnyjE

https://youtu.be/sUtBPokZi60

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО