Американскиот маринец што го удави терористот во парискиот воз е син БЏЏ појас!

matinci trojca

Минатиот викенд светот наголемо известуваше за американските маринци, кои во петокот се возеле со воз од Амстердам до Париз, при што спречија терористички напад на еден човек кој одеше во крвавата мисија со „калашников“ на рамото.

„Меин стрим“ медиумите јавија дека тројцата маринци Спенсер Стоун, Алек Скарлатос и Ентони Садлер го разоружале напаѓачот, но само на порталот на португалски jiujitsuportugal.com откри интересни информации за нас. Поточно, за херојски чин на тројцата маринци заслужна е и техниката БЏЏ. Спенсер Стоун го фатил напаѓачот во давење од зад грб (RNC), и го држел така се додека не паднал во несвест. Претходно, напаѓачот успеал да го зафати со нож и речиси му го отсекол прстот.

„Ако е некој главниот јунак во оваа приказна, тогаш тоа е Спенсер. Крвавеше, едвај можеше да се види од крв, која му се слеваше по лицето“, рече за медиумите неговиот колег Садлер, додавајќи:

„Јас најпрво го зграбив пиштолот и го фрлив што подалеку, потоа ја фатив АК-47 и со неа почнав да го удирам во главата. Ми се приклучија и други, а во тој момент, Спенсер постојано го држеше во зафат и на крајот го давеше до онесвестување“.

Спенсер Стоун редовно тренира брзаилско џиу џицу во лисабонската подружница на академијата Грејси. Веста дека заправо нивниот член беше најзаслужен во разоружувањето на терористот го откри Симон Реис – главниот инструктор во БЏЏ салата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО