Даглас Лима ја продолжи губитничка серија во Белатор

Даглас Лима продолжи да губи во Белатор. Поранешниот шампион во полусредна категорија од Бразил го предводеше Белатор 283 во Вашингтон.

Противник му беше Џејсон Џексон во борба во категоријата до 78 килограми. Џексон (16-4 ММА, 7-1 БММА) го победи Лима (32-11 ММА, 14-7 УФЦ) со едногласна одлука (50-45, 50-45, 50-45) за да го зацврсти своето место на најдобар кандидат за предизвикувач во категоријата.

Во првите две рунди Џексон можеше да го собори Лима на партер и да го контролира. Истото се случи и во третата рунда. Навивачите не беа среќни и почнаа да ги исвиркуваат. Во четвртата рунда Лима се обиде да го казни Џексон со лоу кикови, но повторно заврши на подот.

Во 5-та рунда се чинеше дека сите знаеја што следува и сепак се случи. Џексон веднаш го собори Лима и доминираше со него во остатокот од рундата. Така, по 5 рунди доминација на партер, Џексон победи со одлука и ја украде победата. Очигледно Лима нема да ја подобри својата борба на партер.

Џексон со оваа победа влезе во серија од 6 последователни победи. Тој се доближи до појасот во категоријата. Лима, пак, загуби 4-ти пат по ред. Нема победа во ММА скоро 3 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bellator MMA (@bellatormma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО