Чурлиновски селектор, Салиху, Станков и Младеновски тренери на боксерската репрезентација

Петар Чурлиновски е назначен за селектор на македонската боксерска репрезентација, а Фатон Салиху и Оливер Станков за тренери на кадетско – јуниорската репрезентација, додека Илија Младеновски е задолжен за најмладите, односно за децата со 14 години, ова е одлучено на деншната седница на Упрваниот одбор на Боксерската федерација на Македонија (БФМ).

 

Услов за да се изберат селекторот и тренерите е да имат тренерска лиценца.

Боксерската лига ќе почне во септември со тоа што на клубовите ќе и биде платен превозот и ручекот за секое коло. Покрај ова УО одбор одлучи на боксерите да и го плати осигурувањето и лекарскиот преглед, така што на клубовите и боксерите видно им се олеснуваат условите за натпреварување.

БФМ одлучи да распише тендер за набавка на опрема. Во четврток ќе има состанок со тренерите на сите клубови за да се запознаат со календарот за 2017 година и другите новини. Донесена е одлука да се поддржи единствениот наш клуб во Регионалната боксерска лига Пинк Пантер со учетсво на боксери во оваа лига.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО