АктуелноБорењеОстанато

Балканец трет во екипна конкуренција на турнирот во Катунци (ФОТО)

Бoрачите на Балканец го освоија третото место во екипна конкуренција на Меѓунардиот турнир во Катунци, Бугарија, кој се одржа вчера, а екипата на тренерот Давор Тасев  настапи со 19 борачи. Штипјани освоија 12 медали во три возрасни категории – 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени.

Во конкуренција за деца и подготвителна група најмладите борачи на Балканец во категорија до 30 кг оставрија еден-три победа: прво место Марио Ананиев, второ Леон Манов и трето Леон Стојанов; додека Тео Стојков (+42 кг) е прв, а Никола Гацов (+45 кг) трет.

Во пионерска конкуренција соа 4 2кг исто така еден-три победа Ненад Панов е прв, Стефан Стерјов и Никола Трајчев се втор и трет.

Во кадетска конкуренција во категоријата до 60 кг Давид Мишев го освои сребрениот медал, а Филип Тасев бронзениот, Филип Стојков (-76 кг) е трет и второ место за Петар Тодев (-85 кг).

На тунирот учетсвуваа околу 80 борачи од Бугарија, Косово, Грција и Македонија – Бучим, Блаканец и Безбедност.

Ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON