Четири медали за македонските борачи на „Динко Петров“ во Бугарија (ФОТО)

60

Македонските борачи освоија четири медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен на Меѓународниот турнир за пионери и кадети „Динко Петров“ во Стара Загора – Бугарија.

Медалите ги освоија:
пионери
45 кг Бесир Алили – златен
41 кг Стефан Штерјов – сребрен
48 кг Реџхеп Поцеста – сребрен

кадети
48 кг Мухамед Феруку – бронзен.

Бесир Алили во финалето славеше против Виктор Нејчев од Бугарија, а Стефан Штерјов и Реџеп Поцеста изгубија од Тано Танев од Бугарија и Габриел Табоа од САД.

Нашата репрезентација предовдена од тренерите Суфијан Исмаили и Давор Тасев учествуваше со со борачи 15 борачи – 7 кадети и 8 пионери.

Ipon.mk