Четири финалиња и бронза за кикбоксерите на Евроспкиот куп „Карловац опен 2020“ на првиот ден

344

Македонските кикбоксери обезбедија четири финалиња, односно борби за златниот медал и една бронза првиот ден на Европскиот куп „Карловац опен 2020“ во Хрватска. За злтани медали ќе се борат Петар Велковски, Никола Бубевски, Марко Тодоров и Викторија Варадинова, а Миа Тодорова освои бронза.

Утре се очекуваат настапите и на другите наши кикбоксери ме успешни настапи во финалните бороби.

На Европски куп „Карловац опен 2020“ учествуваат 2240 натпреварувачи од 40 земји, а од нашата земја настапуваат шест клуба: Шампион Скопје, Енерџи Битола, Тим Зоран Струмица, Гладијатор Неготино, Работнички Адора и Тетово.

Резултати
Лоу кик млади јуниори
+81 кг
Петар Велковски (Шампион) – Мохамад Асла (Изарел) 3-0
Финале
Петар Велковски (Шампион) – Лука Углешиќ (Хрватска)

-81 кг постари јуниори
Енсар Исеин (Шампион) – Андреј Грубјешиќ (Хравтска) 0-3

-86 кг сениори
Никола Бубевски (Енерџи) – Филип Оцвирек (Хравтска) 3-0
Финале
Никола Бубевски (Енерџи) – Петар Топиќ (Хрватска)

-60 кг постари јуниори К-1
Марко Тодоров (Шампион) – Иван Петковиќ (БиХ) 0-0
Финале
Марко Тодоров (Шампион) – Ихор Дудник (Украина)

-60 кг постари јуниори К-1
Викторија Варадинова (Шампион) – Михаела Аниќ (Хрватска)
Финале
Викторија Варадинова (Шампион) – Андреа Цебуц (Романија)

-65 кг постари јуниори К-1
Миа Тодорова (Шампион) – Ника Јурковиќ (Хрватска) 0-3

Ipon.mk