Картистот на Борче Лескаровски Арбен Пјетрај освои бронзен медал на ЕП во Будипешта

Ученикот на нашиот тренер Борче-Борис Лескаровски, Арбен Пјетрај освои бронзен медал за Швајцарија на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будимпешта, Унгарија.

Пјетрај бронзата ја освои во категоријата до 76 килограми во јуниорска конкуренција, а во решавачката борба за третото место го совлада Данецот Ноах Кристенсен со 4-1.

Ова е голем успех и на Пјетрај и на нашиот карате стручњак Лескаровски.

„Само рециприочна работа од срце носи успех кој не може никој да ти го земе“, изјави Борче Лескаровски за Ипон.мк.

Резултати
-76 кг
Арбен Пјетрај (Швајцарија) – Михалис Атанасиу (Кипар) 1-0
Арбен Пјетрај (Швајцарија) – Кирил Занкиевицих (Белорусија) 4-0
Арбен Пјетрај (Швајцарија) – Јане Хауболд (Германија) 3-1
Арбен Пјетрај (Швајцарија) – Александар Сисин (Русија) 1-0
Полуфинале
Арбен Пјетрај (Швајцарија) – Алперен Јаман (Турција)2-4
За бронза
Арбен Пјетрај (Швајцарија) – Ноах Кристенсен (Данска) 4-1

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО