Бронзи за Ведрана Тунески и Давид Петковски на Европското пионерско таеквондо првенство во Белград

Ведрана Тунески и Давид Петковски освоија бронзени медали за македонското олимписко таеквондо на Европското пионерско првенство во Белград, Србија.

Според Македонската таеквондо федерација, овие резултати запечатуваат сигурна олимписка иднина за Македонија.

Ведрана Тунески (ТКД Бутел) категорија -40 кг имаше три победи со кои обезбеди историска бронза за македонското олимписко таеквондо во оваа конкуренција.

Давид Петковски (ТКД Младост) -30 кг со три победи, исто така, обезбеди бронза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО