Бронзениот Несторовски на прием кај градоначалникот Тони Трајковски!

Nesotorvski prime kaj toni trajkovski so trenerite

Носителот на бронзениот медал од Европските игри во Баку, каратистот Мартин Несторовски, имаше прием кај градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, каде што е седиштето на неговиот матичен клуб Металург. Со Несторовски на приемот беа  и неговите тренери Мирче Јанушевски и Драган Грдановски.

Градоначалникот Трајковски му го честиташе големиот успех на Мартин и на КК Металург.

 Netsorovski priem kaj Toni Trajkovski

Градоначалникот на Гази Баба нагласи дека Општината во изминатите години континуирано ги помага спортските клубови и поединци од нејзиното подрачје, истото ќе го прави и во иднина, а воедно се радува на постигнатите резултати на нејзините спортисти во државата и надвор од неа.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО