Бронзен медал за Симон Антиќ во Алмере и одлично издание на Несторoвски!

Simon Antic 3 mesto vo Almere

Симон Антиќ (Макпетрол) во се подобро издание, го освои третото место во Алмере, Холандија, на Карате 1 Премиер лигата.

Антиќ во категоријата до 84 килограми во првото коло го совлада Србинот Алексанадар Павиќ со 3-0, со Ајкон Мамедаев од Азербејџан средбата заврши 0-0, но победата му припадна на н ашиот каратист. Гокан Бунуз од Турција беше следната жртва на нашиот натпреварувач 3-1, но во полуфиналето потклена пред Французинот Кенжи Грилон и загуби со 1-0. Во репасажот се издигна и го победи Украинецот Валери Чоботар со 1-0 и не дозволи да му избега од рака бронзениот медал.

Берат Јакупи (Фати) загуби во првото коло од Азербејџанецот Панах Абдулалиев.

Simon Antic na oiedestal vo Almere

И Мартин Несторовски (Металург) беше на висината на задчата, за малку му избега бронзениот медал. Тој доби четири борби, а во полуфиналето загуби од Сахин Аталиев од Азербејџан со 0-1. Претходно тој ги совлада Лајонел Нарди (Франција) 5-3, Мартин Смит (Данска) 4-2, Иван Дрозд (Украина) 1-0 и Емре Ипек (Турција) 3-2. Во репасажот, во борбата за бронзениот медал со Србинот Велимир Јекниќ средбата заврши 0-0, но судиите пресудија во корист на српскиот натпреварувач.

И Жарко Арсовски (Макпетрол) беше добар, но можеше и повеќе. Тој извојува две победи против Радован Симиќ од Швајцарија со 5-2 и Тајрон-Дарнел Харди (Холандија) 0-0, но беше поразен од Лони Булеснан (Франција) со 1-0.

Моника Стефановска (Макпетрол) имаше извонреден старт совладувајќи ја  Соња Форнижер (Франција) 0-0, но во второто коло загуби од Алиса Бухингер (Австрија) со 1-6.

Ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО