Џудистите со по една победа на Европскиот куп во Загреб

Borce Angelov, Abresa i

И преостанатите наши џудисти не направија подобар резултат од оној вчера на Абреша Реџепи на Европскиот куп за кадети во Загреб, Хрватска, така и втората наша репрезентативка Амра Фејзула забележа победаво првото коло против Хрватката Петруњела Павиќ, а во второто беше поразена од Анастасија Антипина од Украина. Во истата категорија Берна Шарифовска е празена од Фабиана Карбоне од Италија.

Борче Ангелов го победи Даниел Фаркаш од Унгарија, а загуби во второто коло Амит Бодовил од Израел.

Да потсетиме дека вчера Абреша Реџепи забележа една победа и еден пораз. Таа во категоријата до 48 килограми во првотоколо ја совладата Мартина Кастањола од Италија, но во вториот меч налета на подобрата Србинка Марија Вуковиќ.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО