Бронзен медал за репрезентативецот Нуров на „Дан Колов“ во Бугарија (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Мохамедгаџи Нуров (97 кг) го освои бронзениот медал на силниот Меѓународен турнир „Дан Колов – Никола Петров“ во Русе – Бугарија.

Нурмов за третото место го совлада претставникот на Казахстан, Мамед Ибрагимов 3-2.

Претходно Нуров ги совлада репрезентативците на Бугарија и Грција. Прво го совлада Михаил Ганев од Бугарија со 7-4, потоа и Гркот Ксенидис Тимофеидис 18-14, а во четвртфиналето загуби од турскиот претставник Риза Јилдерим. Во репасажот го победи репрезентативецот на Шпанија Хектор Родриго 7-5.

Денес настапи и Владимир Егоров (-57 кг), но немаше многу среќа. Во првата средба се избори 2-2 со Грузиец кој настапува за Шпанија, Леван Метревешвили, а понатаму отиде неговиот противник кој не стигна далеку за да го повлече во репасажот. Од нашиот табор истакнуваат дека бил оштетен од судиите, бидејќи во втората рунда бил поактивен, а тие „заборавиле“ да даваат казнени поени за неактивност, ниту па одбрјувале 30 секунди за казнен поен.

86 кг Бобан Савев – Анатоли  Червоненко (Украина) 4-7

61 кг Елмедин Сејфулаху – Реџеп Мунир Акташ (Турција) 4-14

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО