18 боксери учествуваа во квалификациите на Боксерската федерација на Македонија

На денешните квалификации за лига системот на Боксерската федерација на Македонија во Штип имаше девет борби- 3 во кадетска, 4 во сениорска и 2 во сениорска конкуренција.

Кире Јаневски (Аперкат) прикажа добра борба против Ристо Ристев (Пинк Пантер). Во другите борби победите претежно отидоа кај фаворитите као Гоше Ѓошев, Алпај Демировм, Сумер Исени, Алмир Нуришов.

Во сениорска конкуренција не се одржа борбата меѓу Синан Џеладини од Тернипе и Давуд Реџиќ од Универзали. Имено, судиите на Џеладини не му дозволија да настапи оти носеше брада. Со правилата на боксерската федерација тоа не е дозволено. Тренерите и раководството на Тернипе оваа одлука на судиите и делегатот не ја прифатија, па малку недостасуваше да се случи и инцидент, без потреба. Ваквиот однос на поединци опоменува и предупредува.


Првенството го следеа и претседателот на Федерацијата, Игор Златков и потпретседателите, Благој Донев и Фатон Салиху.

Сепак, зачудува малиот одѕив на боксерите, но и на клубовите, посебно што не се појавија натпреварувачи од Битола, Прилеп, Куманово, па и од Скопје.

Резултати

Воведна борба

75 кг Адријан Аземи (Шкупи) – Михаил Минанов (Пинк Пантер) 3-0

Кадети

54 кг Гоше  Ѓошев (Пинк Пантер) – Елес Асанов (Баргала) 3-0

60 кг Алпај Демиров (Баргала) – Албен Весељи (Шкендија) 3-0

66 кг Кристијан Арсовски (Јордан Мијалков) – Ајдин Јашар (Баргала) 3-0

Јуниори

60 кг Филип Филиповски (Универзалци) – Кристијан Бошков (Аперкат) 0-3

64 кг Кире Јаневски (Аперкат) – Ристе Ристов (Пинк Пантер) 3-0

69 кг Сумер Исени (Шкупи) – Димитар Атанасовски (Аперкат) 3-0

81 кг Арсим Етеми (Чаир) – Роберто Ристовски (Пинк Пантер) 3-0

Сениори

60 кг Аксој Демиров (Баргала) – Алмир Нуришов (Тернипе) 0-3

+91 кг Синан Џеладин (Тернипе)- Давуд Реџиќ (Универзалци) 0-3

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО