Едно злато и 5 бронзи за Макпетрол на „Подравина-Ѓурѓевац опен 2017“

Карате клубот Макпетрол 6 медали – 1 златен и 5 бронзени со 7 натпреварувачи 8. Меѓународен карате турнир „Подравина-Ѓурѓевац опен 2017“ во Ѓурѓевац, Хрватска.

Абдурахим Идризи во јуниорска конкуренција -55 кг се закити со злато, а во кадетска-52 кг по минималниот, пред се несреќен пораз, освои бронза. Давуд Рамадановски (-63 кг) во кадетска конкуренција и во отворената категорија, каде што успеа да се закити со две бронзи. Михаил Спасовски во опен категоријата за помлади кадети освои бронзен медал. Исто така и Кристијан Вошковски се закити со бронза во кадети -52 кг. Данило Божовиќ и Даријан Тасевски за малку остана без медал, како и Димитар Лозански.

На турнирот учествуваа над 700 натпреварувачи од 68 клубови и 8 држави во силна конкуренцијата, меѓутоанашите  натпреварувачи покажале одлични борби. Идризи атрактивен за публиката, Рамадановски, Спасовски и Бошковски борбени.

Водството на патот на Макпетрол упатува голема благодарност за организаторот на турнирот, затоа што приредил одлечен пречек и сместувањето било на нивна сметка.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО