Браекхус по 24 пат ја одбрани светската титула (ВИДЕО)

Дамите беа главните ѕвезди на последниот боксерски настан на ХБО/HBO.

По повеќе од 45 години, ХБО престанува да емитува бокс. Првата борба што ја пренесуваа беше онаа меѓу Џорџ Форман и Џо Фрејзер во јануари 1973 година.

Во главната борба на вечерта во Карсон, Калифорнија Сесилија Браекхус (35-0, 29 КО) по 24-ти пат ја одбрани светската титула во велтер категорија.

37-годишната Норвежанка се едногласна одлука на судиите ја победи Александра Магџијак Лопес која живее во Америка (18-5-3, 1 КО) и ги задржа ВБА, ВБО, ВБЦ, ИБФ и ИБО појасите.

Судиите ја бодуваа борбата 100-90, 100-90, 99-91.

Тоа беше 1119-тата и последна борба во ХБО.

Двократната олимписка победничка Клареса Шилдс (8-0, 2 КО), по 10 рунди со едногласна одлука на судиите ја победи Германката Фемке Херманс (9-2, 3 КО) и ги одбрани ВБЦ, ВБА и ИБФ титулите во средна категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО