Оливеира по поразот од Нелсон го закрпија со 29 конци

Алекс Оливеира (19-6-1-2НЦ, 9-4-1НЦ УФЦ) од мечот со Гунар Нелсон (17-3-1, 8-3 УФЦ) во Торонто излезе крвав и поразен.

https://www.youtube.com/watch?v=dDCBDtZoxK4

30-годишниот Исланѓанец на УФЦ 231 со лактот го раскрвави, а потоа со давење од позади го заврши Бразилецот во втората рунда.

Нелсон се врати на победите откако загуби нокаут во првиот круг на Сантијаго Понсинибби во јули.

30-годишниот Оливеира со овој пораз ја прекина серијата од две победи. Бразилскиот тренер Андре Тадеу објави слика од болницата на која му се укажува помош на Оливеира. Челото на бразилскиот Каубој“ го закрпија со 29 конци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО