Бошко Заборски: Каратистите на Макпетрол имаа успешен настап на најсилниот европски турнир!

 

Каратистите на Макпетрол имаа успешен настап на најсилниот европски турнир, кој викендов се одржа во Самобор, Хрватска, вели тренерот на клубот Бошко Заборски, откако неговите натпреварувачи освоија два сребрени и еден борнзен медал во У-21.

„Најдобриот македонски млад спортист за 2017, на самиот старт на новата година ја започна со медал. Имено  репрезентативецот Петар Заборски (-75 кг, постари јуниори У21), го освои сребрениот медал на силниот меѓународен турнир „Гран при Кроација 2018“. Тој до медалот стигна со четири последователни победи и еден пораз на судиско изјаснување при резултат во регуларниот дел 0-0. Во првото коло го совлада Пасквале Гриманд од Италија со резултат 1-0, а во второто Денис Садиковски од Латвија со 8-0, во третото беше поуспешен од репрезентативецот на Азербејџан, Руслан Ахмадов, кого го победи со предност на прв земен поен при резултат 2-2. Во полуфиналето славеше против Љубош Џачовски од Словачка 1-0. Петар во финалната борба загуби од Црногорецот Никола Маловиќ на судиско изјаснување при резултат од 0-0“,  објаснува Заборски.

За репрезентативката Моника Пендаровска која го освои сребрениот медал (-55 кг, постари јуниорки У21) нејзиниот тренер вели дека стигнала до финалната борба победувајќи ги Викторија Розева од Бугарија со резултат 7-0 во втортото коло бидејчи во првото била слободна, пототоа славела над Алтај Алиева од Азербејџан со судиско изјаснување при резултат 0-0, во полуифиналето ја совлада Италијанката Цинција Брогнери со убедливи 5-0 и во финалната борба загубила од Кристина Вица од Латвија со 0-2.

Репрезентативка Анѓела Мојсовска го освои бронзениот медал во (-68 кг, постари јуниорки У21) со победите над Петра Брлечиќ од Хрватска 6-1, во второто коло загуби од Марина Радичевиќ од Србија со 3-4, иако цело време водела до крајот на борбата. Во репасажот ја победува Нора Вирак Хорват од Унгарија  1-0, а во борбата за медал ја совлада Лаура Зантис од Луксембург со убедливи 3-0.

„Ова беше многу силен натпревар и претставуваше последна контрола пред Европското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец февруари во Сочи, Русија. На турнирот имаше државни репрезентации и каратисти од 23 европски држави кои дојдоа во Самобор да ја контролираат својата подготвеност.

Нашите најдобри млади каратист Петар Заборски, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска на овој турнир покажа добра подготвеност и голема зрелост. Имаа по пет борби и во моментов можевме да согледаме во кои делови од нивната подготвеност треба да направиме корекции за да бидат исто така успешни и на претстојното Европско првенство. Поради сето тоа, јас сум многу задоволен од нивниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена, да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на европското првенсто во Русија. Следната недела повторно заминуваме во нашата зимска база во Маврово, а потоа тие ќе заминат на овогодишното за нив најзначајно натпреварување, додека сениоркиот тим заминува за Париз, Франција на турнир од Карате 1 Премиер лигата“, изјави Заборски

Во Хрватска учествуваа 1780 спортисти од 23 држави.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО