Ван Росмален: Да, го нокаутирав Кличко со хај кик (ВИДЕО)

Љубителите на боксот знаат дека Витали Кличко никогаш не бил нокаутиран за време на боксерската кариера.

Но, големиот Украинец во боксот дојде од кик-боксот каде што има направено повеќе од 30 натпревари.

Неодамна беше објавена приказна за Пеле Рид, Англичанецот кој прв нокаутирал Кличко 1992 година со заден кружен удар од свртување и тоа во „меките“ дисциплини на татами.

Три години подоцна, во 1995 година во Украина, Вилијам ван Росомален го нокаутира Кличко со хај кик.

Таткото на поранешниот шампион на Глори во лесна и актуелен првак во перолесна категорија Робин ван Росмален е многу скромен и се добива впечаток дека многу не сака да го истакнува тој момент.

„Се борев во целиот свет. Да, и против Кличко. Да, гонокаутирав Кличко со висок удар (хај кик)“.

Ван Росмален настапи на Прајд 2, каде што во кик бокс меч го нокаутира Ралф Вајт.

„Како дете, играв кошарка. Брат ми ја отвори салата и праша зошто не доаѓаме. Реков дека тоа не е за мене. Четири години откако се обидов станав европски, а една година потоа и светски шампион“.

„Во времето кога се боревте, тогаш медиумите како се однесуваа спрема вас? Дали го имавте нивото на внимание на медиумите како Робин денес?

„Ништо. Бидејќи во тие денови ако бевте борец, кикбоксер, вие сте криминалец. За луѓето бевте криминалец ако сте кикбоксер. Многу помалку медиуми да го следеа тоа. Единствено во Јапонија имавме добра медиумски третман“.

https://www.facebook.com/K1Anoop/videos/1542218025860534/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО