Бонусите на УФЦ 300 ќе бидат по 300.000 долари

Дaна Вајт најави многу големи бонуси за претстојната гала на УФЦ 300 која ќе се одржи викендов во Лас Вегас.

Пред неколку часа се одржа прес-конференцијата пред гала вечерта. Настанот на годишнината ќе биде полн со спектакл, бидејќи на него се појавуваат поранешни и актуелни шампиони. Традиционално, УФЦ им дава бонуси од 50.000 долари на оние кои ќе настапат атрактивно.

За време на прес-конференцијата медиумите почнаа да прашуваат дали ќе има зголемување на бонусите. Дана Вајт ги слушаше борците кои сакаа повисок бонус. Вајт најави дека бонусите за овој настан ќе бидат по 300.000 долари.

Ова ќе ги инспирира борците да се борат атрактивно за да заработат бонус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО