Арман Царукјан: Вајт рече дека победникот од нашата борба ќе се бори за појасот

Арман Царукјан изјави дека шефот на УФЦ му ветил шампионска борба на победникот од нивната борба со Чарлс Оливеира.

„Дaна Вајт рече дека кој и да победи ќе се бори за титулата, a јас ќе бидам следниот. Тоа е остварување на сонот. Многу сум возбуден што ќе бидам на УФЦ 300 и ќе се борам за предизвикувач број еден“, изјави Царукјан на медиумскиот ден пред настанот.

Арман Царукјан не штеди на респектот кон противникот со кој ќе се сретне викендов.

„Немам ништо лично со Чарлс. Мислам дека морам да зборувам за него бидејќи тој не зборува за мене. Сакам повеќе луѓе да ја гледаат оваа борба, па морам да кажам нешто за тоа. Само се обидувам да натерам повеќе фанови да ја гледаат оваа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО