Боксерската федерација ќе носи селектор од Куба или Русија

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) селектор на репрезентацијата ќе носи од Куба или Русија.

„Тренерскиот кадар ни е најслабата алка, затоа ќе побараме селектор од пријателските земји како Куба или Русија, кој вооедно ќе ги обучува и нашите тренери, оти без стручен кадар не може да бараме квалитетни боксери кои ќе прават резултати“, рече претседателот на БФМ Примислав Димовски на Собранието што се одржа вчера.

Досегашниот селектор Петар Чурлиновски останува во репрезентацијата како тренер, а по фоирмирањето на тренерската комисија ќе треба да се изберат тренери на репрезентациите.

Деновиве ќе се одржи семинар за тренери секунданти кои ќе добијат лиценца за водење/секундирање на мечеви, но во исто време и ќе се прави дата-базата на тренерскиот кадар во Федрацијата за да може да се аплицира за полагање на АИБА семинарите за прва ѕвездичка итн.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО