Бобан Мијалев загуби со судиска одлука во Сомбор на Младинската златна ракавица

И Бобан Мијалев (-52 кг) загуби на поени од Словенецот Прохор Разанов на Меѓународниот боксери турнир на „Младинска златната ракавица“ во Сомбор, Србија. Мијалев загуби.

Преостанува настапот уште на Серхан Демиров кој с ебори директно во финалето со Немања Поповиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 91 килограм.

Емет Зулали (-63 кг) и Хурмет Јонузов (-75 кг) беа поразени во првите борби.

Емет загуби од хрватскиот боксер Леон Мајсторовиќ, а Хурмет Јонузов од Филип Џиниќ од Србија. Јонузов и Џиниќ покажале добар бокс, а српскиот репрезентативец славел сопрекин на судиите.

И покрај поразите Хурмет Јонузов и Бобан Мијалев освоија бронзени медали.

На турнирот настапуваат 70 натпреварувачи од Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО