Бобан Илиоски утре се бори со Ерменцот Манасјан на Светските квалификации за ОИ

Бобан Илиоски (92 кг) утре излегува на рингот во Бангкок, Тајланд, на Светските бокс квалификации. Илиоски ќе ги одмери силите со Ерменецот Нарек Манасјан.

Борбата на Илиоски е околу 13 часот.

Во оваа категорија има 42 боксери.

Ако го помине Манасјан, наредниот ден ќе се бори со Виктор Шелестраете од Белгија, а на 2 јуни за норма.

На Илиоски му требаат три победи за да обезбеди олимписка норма.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО