Бобан Илиоски ќе се бори за олимписка норма во бокс

Бобан Илиоски ќе биде единствениот македонски претставник (категоријата 92 кг) на првиот светски квалификациски боксерски турнир за Олмписките игри во Париз оваа година.

Турнирот ќе се одржи од 3 до 11 март во Бусто Арсизио, Италија, со учество на најдобрите боксери од целиот свет на кој ќе се борат за олмписка норма за учество на Олимписките игри Париз.

„Бобан Илиоски ќе биде единствениот македонски претставник (92 кг) и веруваме дека тој заедно со својот тим, Владимир Богоевски шеф на делегација, тренерот Дејан Митревски, Драган Атанасовски и д-р Иван Барбов ќе успеат да го прикажат своето најдобро. Жрепката за овој олимписки квалификациски турнир е на 2 март.

По освоените европско кик бокс злато 2022, светско кик бокс злато 2023 во ВАКО, овојпат се вклучуваме во боксот да обезбедиме пласман за учество на Олимписките игри во Париз. Бобан не е дебитант во боксот, има учествувано на неколку професионални бокс мечеви каде сите ги завршил со победи повеќето со нокаут, а има учествувано и на „Златниот гонг“ во 2016 година (се бореше со српскиот репрезентативец Костиќ).

Подолг временски период, разговори и убедување со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, одлучивме комплетното искуство и подготвеност да го насочиме кон ново спортско натпреварување и да се обидеме да обезбедиме норма на Бобан Илиоски во бокс и можност за учество и освојување на олимписки медал во бокс”- изјави Дејан Митровски Урко – тренер на Илиоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО