Познат промотер верува дека еден борец би ги победил Џошуа, Усик и Фјури

Боксерскиот промотер Бен Шалом верува дека Мартин Баколе би можел да ги победи актуелните врвни борци во тешка категорија.

Професионалниот боксер од Конго го победи Карлос Такам со прекин во четвртата рунда на настанот во Ријад на крајот на октомври.

Баколеа често се поврзува со елитни борци, но допрва треба да победи во голема борба. Во интервју за Токспорт промоторот Шалом истакнува дека доаѓа времето на Мартин.

„Наскоро ќе вечера на главната маса со Ентони Џошуа, Тајсон Фјури и Александар Усик“, рече Бен Шалом и додаде:

„Без сомнение, на сите ќе им создаде проблеми. Сите знаат колку е тежок противник, спарираше со Џошуа, Фјури и Усик“.

Ентони Џошуа се бори со Френсис Нгану на 8 март, при што победникот се надева дека ќе добие шанса да се бори со подобриот од Тајсон Фјури и Александар Усик, исто така закажан за 18 мај во Саудиска Арабија.

„Да ги прашате што мислат за Мартин, ќе се согласат дека тој има се. Баколе не е некој што Усик лесно ќе го декласира, не е некој на кој Фјури може да се потпре и да се заканува со неговата големина, и не е некој што Џошуа може да го издува. Мартин може да одговори на секоја закана со своите боксерски вештини. Може да ги победи сите“, истакнува Бен Шалом и подвлекува:

„Но, сите знаеме дека никој од нив не сака да се бори против Баколе. Веројатно е на врвот на нивните листи за борба што сакаат да ја избегнуваат одвреме-навреме, а тоа е највисокиот комплимент што можете да му го дадете на борецот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО