Бобан Данов: Спречивме тежок инцидент во Радовиш!

Boban Danov so zname na EI

Во Радовиш, на Изборното првенство за сениори во борење, по финалната средба во категоријата до 57 килограми, меѓу натурализираниот Македонец, Владимир Егоров, од Вардар и Елмедин Сејфулаху од Лирија, во која победи Егоров со технички туш, страстите зоврија.Тренерот и претседетел на Вардар, Љубиша Пешко, беше нападнат од борачи на Лирија.

ElmedinSejfulahu Egorov
„Ја следевме оваа ситуација, кога Пешко беше нападнат и удрен. Немаше фрлање столови, ако имаше и ние ќе бевме повредени. Ние молскавично реагиравме. Не дозволивме тепачката да продолжи. Пешко се сокри во соблекувалната, а таму натрчаа борачите на Лирија. Ние застанаме пред соблекувалната. Таму бевме јас, Аце Арсов и Стефан Никовски. Не дозволивме да има нов контакт со Пешко. Нашиот авторитет придонесе да се смират страстите. Впрочем, ние сите сме добри другари и со борачите на Лирија и на Вардар и другите клубови. Силите треба да ги одмеруваме на душекот,никако надвор од него. Пешко доби удари по главата, но не сериозни, а тој се жалеше и на болки по телото. Ако не реагиравме на време, ќе имаше општа тепачка во салата и првенството ќе беше прекинато. Сметам дека нетрпеливоста меѓу Лирија и Пешко е од порано, кога на ланското државно првенство Лирија и Федерацијата не дозволија Егоров да настапи за Вардар. Сега има македонско државјанство и настапи. По поразот на Сејфулаху, настана мешаницата. Во иднина не треба да се дозволуваат вакви работи на натпреварите, бидејќи борењето само ќе се тушира“, вели Бобан Данов, борач со најголелма тежина, 125 килограми, кој беше најдобар во најтешката категорија и кој со уште двајца негови борачи делуваше превентивно во Радовиш.
Дополнително дознаваме дека во смирувањето на состојбите во салата придонес дал и еден од тренерите на Балканец, Дејан Богданов, кој спречил да се користат столовите во салата за пресметка.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО