Близначките Мишела и Маријана во Салзбург ја проверуваат формата за СП во Индонезија

Bliznackite vo istanbul

Утре и во недела во Салзбург, Австрија, во последното европско издание на Карате 1 Премиер лигата ќе настапат и сестрите Маријана и Мишела Димоски од КК Ронин, како и истоимениот ката тим дополнет со Пуликсенија Јовановска.

Во борби ќе настапат Шабан Муртиши (- 60 кг) од Дрини, Димитар Илиевски (-67 кг) Ботони, Мурсел Мисини –КФМ, Тодор Ристески од Спорт 94 и Енес Смаилагиќ од Цветан Димов во категоријата до 75 килограми, а Сашко Патраклиев од Македонка во категоријата до 84 кг.

Претходно објавивме дека екипите на Макпетрол и Металург ќе настапат со поголеми амебиции и состави.

За Макпетрол ќе настапат: Симона Заборска -55 кг, Наташа Стфановска -61 кг, АнаМарија Несторовска -61 кг, Моника Стефановска -68 кг, Томе Тодоровски -67 кг, Симон Антиќ -84 кг, Османи Халит -75 кг, Дејан Павлов +84 кг, Петар Заборски -75 кг,Орхан Билали -84 кг и Жарко Арсовски -84 кг.

Тренерот на Металург, Мирче Јанушевски, ќе смета на: Иво Цветковски, Азис Исмаил, Семир Ќосовиќ, Адил Мехмет и Виктор Крстевски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО