БК Блаканец: До кога ФБСМ е на пат да го „тушира“ и уништува борењето во Македонија?!

 

Balkanec cela ekipa 2016

Продолжува преписката меѓу БК Блаканец 2008 и Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), пред се, откако Федерацијата излезе со став дека традиционалниот Меѓународен турнир го префрлила во Скопје од практични причини.

Претседателството на Блаканец излезе со став во врска со известувањето на ФБСМ.

„До кога ФБСМ е на пат да го „тушира“ и уништува борењето во Македонија“, прашуваат од Балакнец!

„По две недели конечно добивме одговор за нашиот револт спрема ФБСМ во врска со „Македонскиот бисер“, бидејќи е префрлен Штип во Скопје, и, како второ, бидејќи немаме наши членови кој ќе го застапуваат БК Балканец 2008во Управниот одбор на ФБСМ. Серозноста на работењето на ФБСМ се гледа, наместо да добиеме известување е-маил од ФБСМ, ние добивме известување од една госпоѓа од градежната фирма „Адора инжинеринг“ (тоа е исто како РК Вардар наместо да добие известување од РФМ, да добие известување од фирмата Алкалоид). Ако фирмата Адора инжинеринг е толку многу заинтерисирана и одлучува за борењето во Македонија, ја повикуваме јавно со градежни зафати да донира и помогне во реновирање на нашата спортска сала која е од 1965 година, а ние како ново раководство за три месеци ги сменивме прозорците и врата со пвц материјал, целосно ново осветлување, изградивме целосно нова просторија и нови тушеви, кои се сега веднаш до соблекувалната (а не еден спрат подолу и борачите мораа да се движат по ладните ходници); борачите добија и спортска опрема, а следен чекор е заградување на терасата и градење на нова соблекувална, па ќе ни биде добредојдено ова да биде донациски изведено од страна на градежната фирма „Адора“, штом толку е загрижена за македонското борење. Ние ќе им бидеме многу благодарни, како и следните наши генерации“, велат од Балканец.

Izvestuvanje do Balkanec od Adora-Fbsm

„Да се навратиме за состојбите во борењето кое во тековната недела се одржа Европско првенство за сениори на кое нашите четири натпреварувачи дури пет пати беа поразени без ниту една победа; и дојде време во македонското борење кога наместо да се бориме за медал ние и да бираме противник во жребот, за жал, нема кој да победиме. Ова ни кажува во која насока се движи борењето од луѓето кои раководат во ФБСМ. Во составот на репрезентацијата има и двајца наши борачи од Штип кои се носетиле на медали во младински категории. Ние клубовите и даваме готови производи на ФБСМ, а тие наместо да ја кренат нивната форма со целогодишните подготовки тие ги уназадија нашите борачи. Наместо како порано да се радуваме за медали и победи, сега дојде време да се радуваме на некој освоен поен и се молиме да не изгубиме со туш или технички туш. Жално, но тоа е вистинската слика за луѓето кои раководат во ФБСМ и во кој правец го носат борењето“, констатираат од штипскиот клуб.

 Kalendar UVV za Makedonski biser

-Тема: Македонски бисер 2016

Во претходната година УО на ФБСМ одлучи Македонски бисер 2016 да се одржи во Штип. Веќе неколку месеци во Штип функционира ново раководство во клубот, кое има за цел да го повторно да  го издигне од темел борењето во Штип и во Македонија; да изградиме нешто што го имало порано-да бидеме во самиот врв на светското борење, а последните неколку години, некој градејќи политичка кариера преку борењето срушил се и го довел борењето до исчезнување. Да напоменеме, Македонски бисер беше влезен и во календарот на Светската боречка федерација дека ќе се одржи во Штип, најверојатно на некои членови во ФБСМ и се поматиле бизнис зделките и со предлог, но без гласање, Бисерот е преместен во Скопје. И претходната недела, со ваше укажување, сега и во календарот на Светската боречка федерација пишува дека ќе се одржи во Скопје, без разлика што претходните два месеци пишуваше дека ќе се одржи во Штип. Во вашето известување велите дека сега ќе се одржува во Скопје поради сместувачки, комуникациски, спортски или поради какви било други подобри услови. Со такви услови располагаме и ние, а ако сметате дека не располагаме, вие, како федерација и главен организатор, треба да овозможите такви услови. Понатаму, наведувате дека за одржување на протоколарни средби на државниот врв со челниците на европското и светско борење, кои го потврдија своето присуство доколку организацијата е во Скопје. А нашиот одговор е „да, баш тие толку многу се загрижени дали турнирот ќе се одржи во Штип или Скопје, и ако не е во Скопје нема да дојдат, па сега ќе може и тие мирно да спијат, а гледаме во последните години се степаа кој попрво од челниците на светското борење да дојде во Македонија на Македонски бисер“. Да беше уште претходното раководство, кое го уништи борењето во нашиот клуб, дали ќе го преместевте Македонскиот бисер од Штип во Скопје?“, наведуваат од Балканец.

Kalendar UVV za Makedonski biser 2

Членови од БК Балканец 2008 Штип во УО на ФБСМ

„Во вашето известување спомнувате дека имаме тројца членови во ФБСМ, а наше е веднаш да ве демантираме. Има тројца членови од Штип, но ниту еден не е влезен од раководството на нашиот клуб, и сега кој ќе не застапува во ФБСМ? Еден член од Штип е Методи Сичков, кој е влезен како бизнисмен во Федерацијата и кој вети, а и си стои на зборот, ако сите членови донесат одредени финансии и вложат во македонскот борење, дека и тој веднаш ќе ги издвои тие средства. За жал, сликата во ФБСМ е дека повеќето членови земаат од устата на борачите наместо да инвестираат во борењето. Останатите двајца членови се заменик претседател на ФБСМ, Трајчо Димков и Добре Маринковски, кои веќе не се дел од нашиот клуб. Кој интерес го застапуваат во ФБСМ, освен својот? Ако се толку за интересите на нашиот клуб, зошто горенаведените штипјани не се побунија за промената на Македонски бисер од Штип во Скопје? Маринковски јавно кажа на телевизија дека ние, како ново раководство, сме група хулигани, насилници, необразовани луѓе и слични навреди. Ако не знае добро, во сегашното раководство на БК Балканец, како тренери, така и членови во УО, имаме седумина кои се со звање „дипломирани професори и тренери по спорт“. Зарем тој што не навредува јавно ќе не претставува нас во ФБСМ? Да ве потсетиме и дека другиот штипјанец, Трајчо Димков, на сметка на ФБСМ беше присутен на сите европски, светски и други натпреварувања, како и на секакви семинари и собири на Светската боречка федерација. Освен туризам, сликање и сопствена реклама, кој е придонесот за македонското борење? Последните пет шест години јавно говореше и се фалеше за тоа дека излобирал градење на боречки центар во Штип со нова спортска сала и сите други услови и дека целата градба ќе биде финансирана од Светската боречка федерација. По најновите добиени информации, се било лага т.е. ветер и магла, а неговата цел била само да добива поени од јавноста во градење на сопствената спортска и политичка кариера. Значи, НИЕ, УО на БК Балканец, повторно се придржуваме до нашиот став дека треба да се кооптираат двајца наши членови во ФБСМ на местото на Д. Маринковски и Т.Димков, кои се членови од претходното раководство на нашиот клуб и очигледно е дека тие работат против интересот на борењето во клубот. Зарем тие нас да не застапуваат во ФБСМ? Под итно треба да се изврши промената и во ФБСМ да влезат наши членови.

Во вашето известување пишувате дека имате респект кон сите клубови, но сетете се подобро, лани кога беше избран Д. Маринковски за претседател на нашиот клуб, јавно преку медиумите,  преку ФБ и лично, специјално допатувавте во Штип за да честитате за изборот. Пред неколку месеци во БК Тефејуз од Скопје се избра ново раководство, при што на тој избор лично присуствувате и повторно јавно честитавте. Пред неколку месеци, кога дојдовме како нов раководство, дури во неверување и како провокација ни баравте фотокопија од решение од Централен регистер за промена на раководство и слични провокации.

Во неколу наврати во вашето известување сме обвинувани за политиканство, но вистинскито одоговор е следен: „Ние не го воведуваме политиканството во спортот, за жал, тоа го воведувате Вие, ФБСМ. Да ве потсетам во вашите редови имате човек заменик претседател на ФБСМ, Трајчо Димков, кој на товар на борењето во Штип и Македонија ги искористи како отскочна даска да биде пратеник во парламентот на Македонија. Исто така и претходниот претседател на ФБСМ, кој е и лидер на политичка партија. Тоа го нема кај нас, ние ја отргнуваме политиката од спортот и било каква корист, профитерство или туризам на товар на борењето“, истакнуваат од БК Балканец.

Управен одбор на Балканец

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО