Бесир Алили е во полуфиналето на Европското првенство во борење

Бесир Алили извојува убедлива победа против репрезентативецот на Албанија, Ендрио Авдили, од 10-0 (ТТ) и се пласира во полуфиналето на Европското првенство за млади сениори (У-23) во Пловдив, Бугарија.

Поладнево за влез во финалето ќе се бори против Хамзат Тимоурович Арсамерзуев (Франција).

Ова е голема шанса Алили да го повтори успехот од 2019 година кога на Европското првенство во Фиренца, Италија, го освои златниот медал.

Реџеп Хајдари е поразен од Турчинот Фејзулах Актурк 0-10. И Увејс Фејзуаху претрпе пораз во четвртфиналето од Адил Мисричи (Турција) 0-11. Двајцата може да се надеваат на репасаж.

Попладнево Фати Вејсели и Столе Ефтимов ќе се борат за бронзени медали,

Аид Салихаси загуби во репасажот од Едик Харутјунјан од Ерменија 0-10.

Резултати – Европско првенство за У-23:

-61 кг Бесир Алили – Ендрио Авдили (Албанија) 10-0 ¼ финале
-61 кг Бесир Алили – Хамзат Тимоурович Арсамерзуев (Франција) полуфинале

-92 кг Реџеп Хајдари – Фејзулах Актурк (Турција) 0-10 квал.
-125 кг Увејс Фејзулаху – Адил Мисричи (Турција) 0-11

 -57 кг Аид Салихаси – Георги Гегелашвили (Грузија) 0-11 ¼ финале
-57 кг Аид Салихаси – Едик Харутјунјан(Ерменија) 0-10

-70 кг Фати Вејсели – Виктор Воиновиќ (Србија) 10-0
-70 кг Фати Вејсели – Нарек Харутјунјан(Ерменија) 6-8 ¼ финале
За бронза
-70 кг Фати Вејсели – Иван Николаев Стојанов (Бугарија)

-97 кг Столе Ефтимов – Јоханес Мајер (Германија) 0-10 ¼ финале
За бронза
-97 кг Столе Ефтимов – Раду Лефтер (Молдавија)

-50 кг Марија Спирковска – Шахана Назарова (Азербејџан) 2-13

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО