Емил Павлов се квалификува за Светските игри во Бирмингем

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов на Фејсбук соопшти дека официјлано е пласиран за Светските игри во Бирмингем, САД, што ќе се одржат од 8 до 9 јули оваа година.

„Официјално, јас сум квалификуван да ја претставувам мојата земја на следните Светски игри!
Ова се моите први Светски игри и ќе продолжам да притискам и давам се од себе!“, напиша светскиот вицешампион Емил Павлов на Фејсбук.

Павлов во категоријата до 67 килограми ќе се бори со Стивен Дакоста – Франција, Али Елшави-Египет, Маршал Ивс Тадиши-Унгарија, Бурак Ујгур-Турција, Винициус Фигуеира-Бразил, Камило Велозо-Чиле, Хозе Хернандез-САД.

Да потсетиме, мнатата година Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, што е најголем успех на еден македонски каратист. Во финалето се сретна со Стивен Дакоста од кога загуби 0-8, но ова беше негово деби во потешката категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО