Бени Османоски го помина мерењето, утре јуриша на победа!

Beni merenje 2

Шампионот во мај тај, Бени Османоски, денес го помина официјалното мерење во швајцарскиот Олтен и имаше точно 82 кг. Beni merenje

Македонскиот воин во мај тај утре вечер во профисионален меч ќе се сретне со Давид Субјак од Словачка, на настанот „Стори“ во Швајцарија. Ова е реванш меч на Османоски. Првиот го загуби, како што вели тој, со помош на судиите.

Вчера за ipon.mk стружанецот изјави: „Подготвен сум за оваа борба. Тренирав секој ден по 5 часа. Имав слободен само во недела. Се подготвував со тренери од Швацарија, како тренерот од Топ тим Цирих, светскиот шампион Мирко Кухн. Имав помош и од познатиот тренер Маџ Репуци (Италија) од Про еволушн фајт клуб. Подготовките траеја еден месец, завршувајќи денес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО