Белатор соопшти дека почнуваат со Белатор кикбоксинг

skott-coker mikrofon

Белатор ММА почнува да го проширува опсегот во боречките спортови. Денес беше објавено дека организацијата започнува со спроведување на кик бокс средби во април. Во оваа работа Белатор влегува со партнерите од телевизија Спајк.

Белатор кикбоксинг во рингот ќе вклучи многу од светските топ борци, како Џо Шилинг, Рејмонд Даниелс, Кевин Рос, Кери Мелендез и Анастасија Јанкова, кои беа присуствуни на денешната прес-конференција, за ја соопштат оваа вест.

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, има над 30 години искуство во организирање на боречки настани, вклучувајќи и кик бокс.

„Кик боксот е возбудлив спорт со постојана динамика. Верувам дека ќе биде добро прифатен од ММА фановите. Нашата прва цел е да развиваме ѕвезди и да ги покажат своите вештини“.

Првиот настан на Белатор кикбоксин ќе се одржи заедно со Белатор ММА и Октагон кикбоксинг на 16 април во Торино, Италија.

Главниот меч на вечерта ќе биде меѓу Мелвин Манхоеф и Александру Негера, како и борбата во пте рунди титулата меѓу актуелниот шампион на ИСКА во категоријата до 72 кг Мустафа Хаида и Карин Гаџиi кој е шампион на ИСКА во категоријата до 75 кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО