Азиз Исмаил и Петар Спасеновски кај градоначалникот на Гази Баба -Тони Трајковски

Aziz i Petar kaj gradonalnikot Toni Trajkovski Gazi Baba

Носителите на бронзените медали  од Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, Азиз Исмаил и Петар Спасеновски од КК Металург, денеска беа примени од градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Каратистите на Металург се најголемите промотори на спортот на Општина Гази Баба и на домашен и на меѓународен план.

Aziz Ismail i Petar Spasenovski kaj grdaonacalnikot Toni Trajanov

Градоналникот Трајковски им го честиташе успехот и им посака среќа и уште поголеми резултати во сениорска кокуренција, како што се Европското и Сениорското светско првенство за сениори, а во иднина и на Олимписките игри. Тој истакна дека Општината ќе ги поддржува нивните активности во рамките на можностите.

Каратистите беа со своите тренери Мирче Јанушевски и Драган Грдановски-Џеф, притоа му се заблагодарија на Трајковски за подршката што им ја дава.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО