Белатор ја прекина соработката со ринг девојката Жаде Брус

Жаде Брус
Жаде Брус

Со доаѓањето на Скот Кокер за претседател Белатор дојде до големи промени во оваа промоција. Организацијата започна со подобрување на нивниот ранг, како на борците, така и на вработените. Долгогодишната ринг девојка на Белатор, Жаде Брус, на нејзиниот инстаграм профил најави дека повеќе нема да работи за таа промоција.

 „Многу сум тажна затоа што нема да бидам дел од Белатор, кој од новата година тргнува во нова насока. Сум работела на точно 99 настани во последните 4 години и тие 4 години, навистина, беа најдобрите години во мојот живот. Јас ќе присуствувам на церемонијата на доделувањето на ММА наградите следниот месец во Вегас, затоа што сум номинирана за ринг девојка на годината. Јас би сакала да останам со овој спорт колку што е можно повеќе. Секоја борба ќе ја следам на телевизија. Ви благодарам за прекрасните четири години, што ми ги направивте незаборавни. Ве сакам сите“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО