Флојд Мејведер: Бог е на прво место, но парите ме мотивираат!

Floyd-Mayweather-rolla

Непобедeниoт шампион во полусредната категорија на ВБЦ/ВБА, Флојд Мејведер Јуниор е благодарен на Бог за талентот што му дал, но признава дека парите му се најголемиот поттик во спортот.

 „Ќе ви дадам уште една причина да ме мразите, но ќе ги мотивирам сериозните луѓе кои сакаат да постигнат нешто во својот живот. Јас сум виновен! Јас сум материјалист и ме мотивираат само парите. Но Бог е на првото место во мојот живот. Бог ми даде нешто со што вие не можете да се справите. Бог ми ги даде најдобрите раце во бизнисот, кои служат да се молат, да боксираат и да бројат пари“.

 Флојд вчера соопшти дека е подготвен во следната година да го направи долгоочекуваниот дуел против Мани Пакијао, бидејќи и од финансиска гледна точка оваа средба е многу добра.

Во меѓувреме се појавија и гласини дека Мејведер е заинтересиран и за реванш меч против Мигуел Кото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО