Бехар Мамути туширан од Чаба Вида на ЕП во Унгарија (ВИДЕО)

Единствениот наш борач на Европското првенство за борачи до 23 години во Шомбатели, Унгарија, Бехар Мамути, денеска е поразен во првото коло од домашниот борач Чаба Вида со 4-0, односно со туш.

До 50 секунда Мамути добро се држеше, но потоа домашниот борач направи две префрлања и поведе со 2-0, па со 4-0 и дојде во позиција да го тушира нашиот репрезентативец, која и ја реализираше. Се на се, борбата траеше 1:01 минути.

Бидејќи Вида не се пласира во финалето, Мамути немаше можност да ги поправи работите во репасажот.

Златниот медал во оваа категорија го освои Гаџимурад Омаров од Азербејџан кој во финалето го совлада Заурбек Сидаков од Русија 1-1, со судиска процена.

Третото место го поделија Васил Михаилов (Украина) кој извојува победа против Мухамед Акдениз (Турција) 8-6 и Мирза Шулукија (Гризија) завшувајќи ја борбата 9-5 со Сурхо Рашидханау (Белорусија).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО