Утре во Радовиш, Државно првенство во борење за основните училишта

Утре во Радовиш се одржува Државното првенство во борење за основните општински училишта.

Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт од Радовиш и Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија, а со поддршка на градоначалникот на Општина Радовиш, ќе се одржи Државното првенство во СРЦ „25 Мај“ со почеток во 11 часот.

На Државното првенство ќе земат учество голем број спортисти-борачи од основните училишта во нашата земја.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО