Басаров и Михајлов обезбедија место во репрезентацијата за ЕП, но тренерот Арсовски е незадоволен од судењето

Каратистите на КК Штип Андреј Басаров и Љупче Михајлов на денешниот Плеј оф турнир во Скопје обезбедија место во репрезентацијата за  Европското првенство што ќе се одржи во Ларнака, Кипар, од 3 до 5 фверуари 2023 година.

Тренерот на Штип и поранешен селектор на сениорската репрезентација, Сашко Арсовски е незадоволен од судењето.

„За жал, морам да кажам дека и овај пат имаше лошо судење. Тоа значи дека на повеќето судии не им е местотото да ја делат правдата, особено за избор на репрезентативци кои ќе ја претставуваат нашата држава Македонија. Без разлика што КК Штип има двајца претставници и двајцата медалисти од европско првенство. Жал ми е да кажам дека мојата, нашата Карате федерација не функционира како што треба, а и други ќе го кажат тоа по кој знае кој пат. Штета Што е вака“, вели Арсовски и додава:

„Мора да нагласам дека за прв пат до сега се наплаќаше за плејоф натпревар за избор на репрезентативци. Тоа значи дека раководството нема потенцијали да управува со нашата Карате репрезентација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО