Бадр Хари се раздели со тренерот Мајк Пасениер

Легендарниот борец Бадр Хари објави дека се разделува со својот долгогодишен тренер, Мајк Пасениер.

Работеа 14 години и беа заедно во добро и во лошо. Сепак, Хари сака да стане шампион во тешка категорија на Глори и верува дека нема што веќе да научи од Пасениер. Во следните неколку недели Бадр ќе го открие името на новиот тренер и тоа е она што го сподели на социјалните мрежи.

„Со оваа изјава, би сакал да го објавам крајот на мојата соработка со мојот тренер, Мајк Пасениер. Сакам да му оддадам благодарност на Мајк за неверојатната и успешна работа со мене толку многу години и да му се заблагодарам за професионализмот, лојалноста и лекциите што ги научив во кик боксот. Мојата одлука е водена од силната волја за развој.

 Најдобрите достигнувања не доаѓаат од удобност. Неодамна се потпишав договор за шест нови борби со Глори и мојата амбиција е да станам шампион во тешка категорија. Ги уверувам сите мои обожаватели дека сум на највисоко ниво на мотивација, доверба и конкурентност. Успех и ништо помалку. Во наредните недели ќе го објавам мојот нов тренер.

Во моментов, Хари се уште ја издржува казната за падот на допинг тестот и ќе се врати на крајот од годината.

https://www.instagram.com/p/By9t8KooABD/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО