Бадр Хари максимално се подготвува пред враќањето

Легендата во кикбоксот Бадр Хари неуморно тренира и се подготвува да преземање на тешката категорија во Глори. Хари се уште ја отслужува казната, поради падот на допинг тестот минатата година. Бадр сè уште нема победа во Глори каде што направи две борби. Дебитираше против Рико Верховен и загуби со ТКО во втората рунда, затоа што повредата го спречи да продолжи.

„Бед Бој“ си зеде одмор речиси две години и помина неколку месеци во затвор, а потоа се врати и го победи со одлука на судиите Хесди Гергес, но победата беше поништрена поради употреба на забранети супстанци. Во почетокот на месецот го продолжи договоорт на три години со Глори и сега дава сè од себе за да ја врати некогашната големина и да го освои појасот.

https://www.instagram.com/p/BxpNUhWnahB/?utm_source=ig_embed

/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО