Џошуа: Уште колку пари му требаат? Не можам да сфатам дека Вајлдер одби 100 милиони долари

Во пресрет на одбраната на титулата во тешка категорија против Енди Руиз, Ентони Џошуа и понатаму размислува за пропуштената борба со Дионтеј Вајлдер.

Меч за обединување на титулите наиде на неколку препреки, а последната шанса да се постигне договор беше кога ДАЗН му понуди на ВБЦ шампионот 100 милиони долари за три борби. Вајлдер ја одби понудата.

„Јас би гризал за тоа. Јас го сакав тоа по дваесет борби. Тој има преку 45 години,подолго е професионалец, така што го разбирам неговиот став. Одби дупло поголем износ за борба со мене, а тоа беше вистинска понуда од телевизијата. Тоа не беше на е-маил од Вајлдер, како што се јави тој, ова беше вистински договор од телевизисата куќа која му нуди шанса на Вајлдер да се бориме за ДАЗН“, изјави Џошуа.

„Договорот му нудеше можност една борба пред мечот со мене. А можеше да се бори со мене и веднаш, ако сакаше тој. И тоа беше во опција. Не можам да разберам дека по сите приказни не ја прифати понудата. Колку пари треба да бидат на маса? Тлевизиските куќи го водат бокс. Но во минатото имавме случаи боксерите да настапуваат за различни телевизиски компании и пак да се борат“.

„Постои и промотивна страна и промоторите ги чуваат своите борци, што е во ред. Но, ако верувате во вашиот борец и тој стане неприкосновен шампион, тогаш добивате во секој случај. Преземате ризик и ќе бидете наградени. Вајлдер и Фјури се ближат до крајот на своите кариери, тие професионалци веќе 10-11 години. Јас пет. Јас постојано напредувам и замислете колку ќе бидам подобар за пет години или за само 18 месеци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО