Автобиографијата на Хабиб на англиски јазик ќе се промовира во март

241

Автобиографијата на Хабиб Нурмагомедов веќе е преведена на англиски и ќе биде објавена во март. Ова го сподели шампионот на социјалните мрежи.

„Среќен сум што можам да објавам дека мојата автобиографија на англиски јазик е завршена. Ќе ја објавиме во март. Ви благодарам за вашиот интерес и трпеливост. Сигурен сум дека ќе уживате во оваа книга“.

Работата на книгата траеше две години. Хабиб ја објави на руски јазик во ноември во Москва.