Федор Емилијаненко: Сакам да се борам, но годините ми пречат

Една од најголемите легенди во ММА, без сомнение е Федор Емилијаненко кој продолжи да се бори на високо ниво и со 42 години и успеа да стигне до финалето на турнирот во тешка категорија на Белатор, каде што за неколку дена ќе ги одмери силите со Рајан Бадер. Денес по отворените тренинзи Емилијаненко изјави дека сака да се бори, но годините веќе си го кажуваат своето.

„Ќе ви ја кажам вистината, а таа е дека со годините во моментов доста често почнувам да размислувам за повлекување од ММА. Не можам да кажам кога ќе се повлечам, но по оваа битка ќе се одморам и ќе одлучам.

Сакам да се борам и сакам да го правам тоа, но веќе сум во години, а имав и многу повреди. Се борев на високо ниво овие години и немам тајни за тоа. Кога имаш цел, мораш да работиш за да го постигнеш тоа, а и го правам“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО