Средбата Јоел Ромеро – Паоло Коста кон крајот на април

54

Поранешниот предизвикувач за титулата во средна категорија Јоел Ромеро (13-3 MMA) се враќа и ќе се сретне со страшниот нокаутер Паоло Коста.

Тие требаше да се борат во номеври на УФЦ 230, но тогаш Ромеро се повлече од борбата, затоа што требаше да ја лекува повредата. Коста одби да прифати друг противник и одлучи да го чека Јоел и сега двајцата ќе го предводат настанот УФЦ на ЕСПН 3, кое ќе се одржи на 27 април во Мајами.

Минатата година Ромеро учествуваше во две борби за титулата, но влезе во историјата, бидејќи и во двете битки пропадна на кантарот. Тој успеа да го нокаутира Лук Рокхолд, но не можеше да стане шампион поради падот на мерењето, а потоа се бореше со Роберт Витакер и загуби со поделена одлука во борба што стана „Борба на годината“. Паоло Коста е непоразен во ММА со скор 12-0, притоа успеа првите 4 битки во УФЦ да ги добие со нокаут. Неговата последна победа беше во јули против Јури Хол.