Асанов и Јонузов поразени во Мостар

Јуниорите Елес Асанов (-52 кг) и Хурмет Јонузов (-75 кг) викекндов на Меѓународниот турнир „Мостар 2019“ загубија во првите средби.

Елес Асанов загуби од Ибраим Букедим од Франција со прекин од страна на судијата, Хурмет Јонузов беше поразен од Давид Коцзијан од Унгарија на поени.

Македонија на турнирот учествуваше и со еден судија, Радмила Симевска која судеше во квалификациите, но и на финалниот ден што е големо признание за нашата судијка на турнирот во Мостар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО