Хва ранг ИТФ газеше на „2 Гран при Зворник“ -освои еден куп медали

Таеквондистите на Хва ранг ИТФ освоија 26 медали – 5 златни, 11 сребрени и 10 бронзени на Меѓународниот турнир од А класа „2 Гран при Зворник“  во Босна и Херцеговина изминатиов викенд.

На овој силен турнир настапија 36 клубова од 12 земји: Словенија, Хрватска, БиХ, Македонија, Србија, Австрија, Италија,Чешка, Бугарија, Романија, Унгарија, Грција, како и претсавници од САД и Северна Кореја.

Освојувачи на медали се:

Јане Димов – злато борби јуниори 16-17 год +75 кг, злато форми јуниори син појас и сребро борби јуниори-екипно;

Давид Велковски – злато борби јуниори 16-17 год -69 кг, бронза форми јуниори црвен појас и сребро борби јуниори-екипно;

Хриситјан Митрески – сребро борби јуниори 16-17 год +75 кг, сребро форми јуниори црвен појас и сребро борби јуниори-екипно;

Божидар Димитриевиќ – бронза борби јуниори 14-15 год +70 кг, сребро борби јуниори-екипно;

Александар Пуцоски – бронза борби јуниори 14-15 год -63, сребро форми јуниори жолт појас и сребро борби јуниори-екипно;

Никола Балчески – бронза борби јуниори 14-15 год -50 кг, сребро борби јуниори-екипно;

Филип Трифуноски – злато борби кадети 12-13 год + 60 кг, бронза борби кадети екипно;

Михаил Јоноски – сребро борби кадети 12-13 год -45 кг и бронза борби кадети екипно;

Марио Кртески – бронза борби кадети 12-13 год -50 кг и бронза борби кадети екипно;

Давид Крстески- бронза борби кадети екипно;

Елена Јанеска – сребро борби кадетки 12-13 год +55 кг и бронза форми кадетки зелен појас;

Анастасија Вељаноска – злато форми јуниорки  жолт појас.

На овај натпревар дебитираа Михаил Јоноски, Александар Пуцоски и Никола Балчески и се закитија со медали.

„Во борби екипно кадетите беа оштетени во полуфиналето против екипата на Буигарија, додека на јуниорската екипа во полуфиналето не им претставуваше проблем домашната екипа, а во финалето тесно загубија од бугарската екипа. Можеме да се пофалиме и дека на ваков престижен турнир имавме македонско финале во борби јуниори + 75 кг, каде што Христијан Митрески и Јане Димов ги совладаа своите конкуренти од другите држави и се најдоа еден против друг во финале, победата ја однесе Димов кој и на овој турнир се закити со 2 златни и 1 сребрен медал.Најдраматично беше финалето на Елена Јанеска, која и во полуфинале и во финале беше соочена со противнички од Бугарија, а најголем протвиник и беа судиите, при што во финалето не и доделуваа поени, па извадија нерешено. Вво продолжение и го земат златото во борби кадетки 12-13 години +55 кг. Но тоа само ни дава повеќе мотив за нашиот турнир на 22 јуни 2019 година, во СРЦ „Билјанини извори“ да го докажеме нашиот квалитет“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО