Арум: Реваншот Фјури-Вајлдер нема да се случи пред февруари 2020 година

По потпишувањето договор со суперпромоторот Топ ранг и телевизијата ЕСПН, Тајсон Фјури (27-0-1, 19 КО) го откажа планираниот реванш со Дионтеј Вајлдер.

Наместо со шампионот на ВБЦ, 30-годишниот Британец на 15 јуни во Лас Вегас ќе се бори со непоразениот Германец Том Шварц (24-0, 16 КО).

Промоторот на Фјури Боб Арум вели дека на реванш со Вајлдер не мора да се надеваме оваа година.

„Сакавме противник кој не доживеал пораз“, рече 87-годишниот промотор.

„Тајсон е толку голем човек што не сакавме да го ставиме во рингот со мал противник, а Шварц е одлично момче. Тоа ќе биде неодолива борба“.

„Тој подоготвено ја прифати оваа борба без никакви предрасуди“.

„Под претпоставка дека Фјури ќе го совлада Шварц, тој ќе има уште еден меч во САД. А потоа, да се надеваме дека во февруари следната година ќе заврши во борба со Вајлдер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО