Зоран Пејов: Енергијата на поврзување и сплотување на балканските народи преку Големиот балкански карате семинар почна од Софија

Изминатиов викенд (22 и 23 март) од Софија, Бугарија, тргна караванот на Големиот балкански карате семинар што ќе продолжи на 12 и 13 април во Скопје, па во Ниш и на почетокот на летото ќе заврши во Будва.

Како и минатата  година Зоран Пејов од Крате центарот Пејов од Скопје беше дел од мајсторското трио Тони Петров и Милан Ѓокиќ.

На семинарот учествуваа околу 100 каратеки, од кои 90 отсто беа со мајсторски појаси.

„Се работеше на четири татами со различна програма .Ката, кихон, кумите, самоодбрана и лична самозаштита. Беа покажани доста техники на будење на внатрешната енергија (КИ), како и нејзино правилно искористување при изведба на техниките“, вели сенсеи Зоран Пејов кој демонстрираше огромен број на кумите натпреварувачки техники од неговата богатата ризница кои предизвикаа воодусевување кај сите присутни.

Пејов истакнува дека беа работени и практични и ефикасни техники на самоодбрана. Со еден збор, како што вели тој, секој можеше да ужива во различниот избор на карате техниките кои беа демонстрирани на семинарот, особено вториот ден кога од 10:30 до 16:30 часот со една кратка пауза.

„Со еден збор семинарот беше исполнет со една позитивна енергија која бликаше од сите присутни вежбачи. Енергија на поврзување, чистота на искреното сплотување на нашите балкански народи. Всушност, тоа е и поентата на овој втор по ред Голем балкански карате семинар“, нагласува Пејов и додава дека имало многу воодушевувања и најава одголем број на бугарски каратеки за присуство на следниот семинар што ќе се одржи во Скопје на 12 И 13 април во СЦ „Борис Трајковски“ во организација на Карате центар „Пејов“.

„Минатата година беше одлично, а годинава сигурно ќе биде подобро. Најавено е доаѓање на каратисти од Србија, Црна Гора, Турција… Сите се добредојдени. За прв пат ќе бидат демонстрирани тајни техники на Карате До и уште многу, многу мали тајни на големите мајстори. На крај, сакам да кажам дека ние како инструктори бевме одлично прифатени и оценети од каратистите кои ја наполнија салата на Спортскиот центар „Раковски“ во Софија. Боречките вештини кај нашиот сосед се многу добро развиени и постојано има семинари од врвни експерти од Јапонија, како и од други земји на истокот.

Би сакал да ја истакнам големата професионалност и одличната организација од страна на домаќинот, шхихан Тони Петров, кој е една извонредна и комлетна личност. Мајстор во вистинска смисла на зборот. Еден од ретките елитни мајстори во Бугарија и пошироко.

Тука подеднакво е и шихан Милан Ѓокиќ, експерт од Србија. Вистинска самурајска каста, човек кој блика од енергија и несебично го споделува своето знаење. И, нормално, јас достојно ја претставив Македонија со една широка лепеза на борбени техники кои пленеа со експлозивност, дух и моќна енергија. Во Скопје очекуваме уште поголема ерупција на кумите техники. Повелете.сите сте добредојдени! Сите за едно – КАРАТЕ ДО“, нагласува сенсеи Зоран Пејов.

Распоред на Големиот балкнаски карате семинар:
Скопје – Македонија 12 и 13 април
Ниш – Србија 7 и 8 јуни
Будва Црна Гора  2023 јуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО