Антонио Травер: Штом го нокаутирав Џонс, можам да го нокаутирам и Кличко! (ВИДЕО)

Tarver

Поранешниот светски шампион во леснo-тешка категорија, Антонио Тарвeр (САД), се стекна со можноста директно да го предизвика Владимир Кличко. Американецот се подготвува за последователен тест меч. Тој ќе се бори со Стив Канингем на 14 август во Њу Џерси (САД).

 „Единствениот начин да станам шампион во тешка категорија е ако го победам најдобариот во моментов – Владимир Кличко. Тој е моја генерација. И двајцата бевме на Олимпијадата во Атланта. Сум докажувал дека можам да го победам секого откако го нокаутирав Рој Џонс за само две рунди. Тој беше Флојд Мејведер во моето време. Ако имам ден, можам да го нокаутирам дури и Владимир Кличко“.

Тарвер кој е популарен поо учеството во филмската серија „Роки“, има 31 победа ( 22 со нокаут ) и 6 порази. Тој работи како бокс аналитичар.Во последниот меч Тарвер го нокаутира тренерот на Владимир Кличко – Џонатан Бенкс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО